Македонско вино на британскиот пазар

Bez autora
Jan 31 2012

Хотелиерството, рударството, банкарскиот сектор, телекомуникациите се областите за кои покажуваат интерес за инвестирање дел од британските бизнисмени, кои го придружуваат принцот Мајкл од Кент при неговата посета на Македонија. Според британскиот принц младоста, виталноста и енергијата што ја сретнале во Македонија ги импресионирало најмногу. Има значајни можности за инвестиции кои се надевам дека ќе се реализираат во наредните месеци. Ги разгледуваме можностите за инвестирање во хотелиерството, дел во рударството, банкарскиот сектор, како и во областа на телекомуникациите. Британски и македонски бизнисмени на работен ручек во винаријата, меѓу другото, разговараа и за соработка во прехранбената и винската индустрија. Според претседателот на Британската бизнис-група во земјава, Реј Пауер, делегацијата веќе се интересирала за повеќе специфични области.

Македонско вино на британскиот пазарХотелиерството, рударството, банкарскиот сектор, телекомуникациите се областите за кои покажуваат интерес за инвестирање дел од британските бизнисмени, кои го придружуваат принцот Мајкл од Кент при неговата посета на Македонија.

Според британскиот принц младоста, виталноста и енергијата што ја сретнале во Македонија ги импресионирало најмногу.

- Има значајни можности за инвестиции кои се надевам дека ќе се реализираат во наредните месеци. Ги разгледуваме можностите за инвестирање во хотелиерството, дел во рударството, банкарскиот сектор, како и во областа на телекомуникациите - изјави бизнисменот Алекс Дејвис при посетата на винаријата Сковин" во Скопје што ја оствари британската делегација предводена од принцот Мајкл.

Британски и македонски бизнисмени на работен ручек во винаријата, меѓу другото, разговараа и за соработка во прехранбената и винската индустрија. Според претседателот на Британската бизнис-група во земјава, Реј Пауер, делегацијата веќе се интересирала за повеќе специфични области.

- Оваа посета е значајна за продлабочување на бизнис-врските меѓу Британија и Македонија и сигурен сум дека ќе има резултати набргу по нејзиното завршување - изјави Пауер. Тој информира дека британската бизнис-делегација, која пред посетата на Сковин" престојуваше во Маврово, се запознала со туристичките можности на Македонија, а ќе следат разговори и за можностите во земјоделството и во банкарскиот сектор.

Марија Митева, извршен директор на винаријата Сковин", смета дека директните средби се најдобриот и најуспешен начин за презентација и продажба на домашните производи. Сковин", посочи Митева, годишно произведува околу 15 милиони литри вино од кои 80% завршуваат на полиците на странските супермаркети и во ресторани, најчесто во земјите во ЕУ.

- За жал, многу малку продаваме во Велика Британија и затоа сметаме дека ова е одлична можност да иницираме бизнис-релации да можеме да склучиме зделки за пласман на нашето вино на овој пазар - рече Митева.

Таа се надева дека претставниците на Владата ќе ги пренесат заклучоците од средбата и оти од наредната година освен субвенции во земјоделството, домашните извозни компании што произведуваат земјоделски производи исто ќе може да добијат поддршка и за извоз на своите производи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik